Бугарија го поддржува проширување на ЕУ со Западниот Балкан врз принципот на почитување на условите за прием во Унијата, изјави вечерва бугарскиот премиер Димитар Главчев при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.
„Конкретно кога станува збор за Северна Македонија, го имаме т.н. компромис од 2022 година, направен од наша страна. Тој е веќе европски (услов), потпишан од сите држави членки на Европската Унија, вклучително и од Бугарија како земја членка, плус од Северна Македонија и нема за што да преговараме. Нашата позиција е непроменета“, рече Главчев.
Запрашан дали ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан при неговата посета на Софија, Главчев изјави оти „не му е познато дека ќе имаат средба, освен оваа во Брисел“, посочувајќи дека посетата е на поканата на бугарскиот претседател Румен Радев и сите прашања околу тоа за што ќе се разговара треба да се упатат на таа адреса.
Слични новости
„Ливањското сирење“ доби заштитено географско потекло од ЕУ
Европската комисија донесе одлука со која босанското „Ливањско сирење“ е вклучено во Регистарот на ЕУ на производи со заштитено географско потекло.
Хрватска блокираше затворање на едно поглавје за Црна Гора
Црна Гора беше технички подготвена да ги затвори четирите поглавја, но Хрватска беше против затворање на поглавјето за надворешна, безбедносна и одбранбена политика
Црна Гора: Уапсени двајца поранешни министри за земјоделство
Двајцата поранешни црногорски министри за земјоделство, Милутин Симовиќ и Петар Ивановиќ, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора за организиран криминал, во петокот биле уапсени од припадници на Специјалниот подлициски оддел (СПО)