Прозиводителот на гитари Гибсон најави соработка со култниот гитарист на „Ролинг Стоунс“ Кит Рочардс, што резултира со ограничена колекција на гитари кои ќе ги израдуваат колекционерите и обожавателите ширум светот.
Во понудата се два модела: Кит Ричардс ЕС-355 колексинерско издание, опремено со гитара и етикета која ја има потпишано славниот гитарист и издание кое има само етикета со потпис.
Двата модела се внимателно раќно изработени во Нешвил, под будното око на самиот Кит Ричардс, за да може верно да ги реплицираат инструментите што ги користеше Ричардс на врвот од својата кариера.
На светскиот пазар ќе се појават само 50 примероци од Гибсонот 1960 со потпис на Кит Ричардс.
Слични новости
Вратена главата на фараонот Тутмес на Египет
Холандија и ја врати на Египет камената скулптура стара 3.500 години која илегално беше изнесена од Египет за време на Арапската пролет во 2011 и беше откриена на холандскиот саем на уметноста во 2022.
Кралскиот персонал масовно одбива да му служи на поранешниот принц Ендру
Вработените во кралскиот имот во Норфолк биле информирани дека можат да одбијат да му служат на Ендру ако тоа им создава непријатност, и досега, тврдат тие, е формиран „долг список“ на персонал кој одбива да работи за него.
Мјузиклот „Мама миа“ ја имаше последната изведба на Бродвеј
Во последната недела од прикажувањето мјузиклот заработи солидни 1,8 милиони долари, со исполнетост на капацитетот на театарот на Бродвеј од 99 проценти.