Гитарите и другите предмети од колекцијата на англискиот музичар Џеф Бек се продадени на аукција за вкупно 8,73 милиони фунти (10,3 милиони евра).
Повеќе од 130 гитари, заедно со засилувачи и педали од речиси шестдецениската кариера на гитаристот, беа пуштени во продажба во четвртокот, а два од неговите инструменти беа продадени за повеќе од 1 милион фунти секој.
Гитарата „Oxblood Gibson Les Paul“ од 1954 година, за која се проценуваше дека ќе достигне цена од 500.000 фунти, продадена е за 1,06 милиони фунти.
Главниот инструмент за изведување и снимање на Бек од 1999 до 2014 година, „Fender Stratocaster“ познат како „Анушка“, исто така беше продаден за милион фунти, откако првично беше проценет на 20.000 до 30.000 фунти.
Аукциската куќа Christie’s соопшти дека гитарата била „често користена и тешко оштетена за време на турнејата на Бек со Карлос Сантана“, што довело до мала пукнатина во вратот од неколку инчи и барала поправка.
Бек почина на 78-годишна возраст во јануари 2023 година, по кариерата во која освои осум Греми награди и работеше со многу познати имиња, вклучувајќи ги Ози Озборн и Мик Џегер.
Слични новости
Во Лондон премиера на четвртото и последно продолжение на франшизата „Бриџит Џоунс: Лута поради момчето“
На познатиот плоштад Лестер во Лондон се одржа премиерата на четвртиот и последен филм за Бриџит Џоунс „Лута поради момчето“.
Десетици илјади билети за годинешната Евровизија продадени за само седум минути
Речиси 42.000 билети за настапите во живо на Изборот за песна на Евровизија, што оваа година ќе се одржи во мај швајцарски Базел, се распродадени за само седум минути
Се разведуваат Мајкл Даглас и Кетрин Зита Џонс
Холивудската актерска двојка Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс неодамна ја прослави својата 24-годишнина од љубовта, а се чинеше дека 25-те години разлика во возраста не може да ги раздвои