Гитарите и другите предмети од колекцијата на англискиот музичар Џеф Бек се продадени на аукција за вкупно 8,73 милиони фунти (10,3 милиони евра).
Повеќе од 130 гитари, заедно со засилувачи и педали од речиси шестдецениската кариера на гитаристот, беа пуштени во продажба во четвртокот, а два од неговите инструменти беа продадени за повеќе од 1 милион фунти секој.
Гитарата „Oxblood Gibson Les Paul“ од 1954 година, за која се проценуваше дека ќе достигне цена од 500.000 фунти, продадена е за 1,06 милиони фунти.
Главниот инструмент за изведување и снимање на Бек од 1999 до 2014 година, „Fender Stratocaster“ познат како „Анушка“, исто така беше продаден за милион фунти, откако првично беше проценет на 20.000 до 30.000 фунти.
Аукциската куќа Christie’s соопшти дека гитарата била „често користена и тешко оштетена за време на турнејата на Бек со Карлос Сантана“, што довело до мала пукнатина во вратот од неколку инчи и барала поправка.
Бек почина на 78-годишна возраст во јануари 2023 година, по кариерата во која освои осум Греми награди и работеше со многу познати имиња, вклучувајќи ги Ози Озборн и Мик Џегер.
Слични новости
Лондонските тунели ќе станат нова туристичка атракција
Тунелите изградени за да се засолнат лондончани за време на германските бомбардирања во Втората светска војна треба да станат најголемата нова туристичка атракција на британската престолнина, според компанијата што ја купи широката мрежа од тунели
Ќерката на Никол Кидман позираше без шминка во кампања за модната куќа Миу Миу
Станува збор за голема кампања на италијанската луксузна модна куќа „Miu Miu“, во која е заштитно лице на нивната колекција пролет/лето 2025 година, пренесува „Daily Mail“.
Пронајдена слика на Ван Гог во гаражна распродажба на слики во Минесота
Сликата ја купи колекционер на антиквитети во 2016, а стручњаците ја идентификуваа како дело на Ван Гог по проценка која траеше цели четири години. Истражувачите, исто така, пронајдоа делови од коса во платното и ја испратија на анализа.