Оригиналниот водечки гитарист и еден од оснивачите на легендарниот рок бенд Кис Ејс Фрејли починал од удар во пределот на главата, откри аутопсијата на гитаристот.
Тој почина дома на 16 октомври опкружен од семејството во Мористон Њу Џерси, неколку недели по несреќниот пад, откри неговиот агент.
Аутопсијата покажа дека станува збор за несреќен случај, откако 74-годишниот гитарист паднал што предизвикало фрактура на черепот. Неколку недели по инцидентот, тој починал од повредите.
Кис беа познати по театралниот настап со костуми и многу шминка, како и ефекти кои вклучуваа огин и лажна крв која течеше од устите на музичарите.
Оригиналната постава на Кис ја сочинуваа Фрејли, пејачот Пол Стенли, басистот Џин Сионс кој беше лидер на бендот и тапанарот Питер Крис.
Слични новости
Дете изгоре автомобил со жижица
Петгодишно момченце, на кое мајка му дала жижица, запалило автомобил и предизвикало штета од 30.000 евра, соопшти во неделата полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија


