Повеќе од половина од германските граѓани се плашат од радиоактивно зрачење како резултат на вооружени конфликти, покажа истражувањето на јавното мислење на Федералната канцеларија за заштита од радијација (BfS) објавено во вторник.

„Стравот е директно поврзан со војната во Украина“, вели директорката на BfS, Инге Паулини.

Според резултатите од истражувањето, 58 отсто од граѓаните стравуваат од радиоактивно зрачење како последица на нуклеарен конфликт, додека во исто време 57 отсто од анкетираните стравуваат од радијација предизвикана од несреќа во атомска централа.

„Од избувнувањето на војната во Украина во февруари 2022 година, перцепцијата за опасноста од радијација значително се промени. Ова не е поврзано само со стравот од употреба на нуклеарно оружје, туку и со распаѓањето на атомските централи во војната зона, како што е атомската централа во Запорожје“, рече Паулини при објавувањето на резултатите од испитувањето.

Во изборната кампања за предвремените избори што ќе се одржат на крајот на февруари, двете партии од крајниот десен и лев спектар, Алтернатива за Германија (AfD) и Сојузот Захра Вагенкнехт (BSW) ја тематизираат опасноста од нуклеарен конфликт, која според нив се зголемила и поради германската помош за Украина.

Во истото истражување, 22 отсто од граѓаните изјавиле дека се штитат и од негативното зрачење кое доаѓа од мобилните телефони.

globe

Слични новости

„Ловецот Кравен“ ја имаше најслабата премиера на  филм базиран на стрип херој на Марвел

„Ловецот Кравен“ ја имаше најслабата премиера на  филм базиран на стрип херој на Марвел

На американскиот Бокс офис трета недела по ред доминираат Моана 2 и Викед, додека филмот на Сони „Ловецот Кравен“, базиран на лик од стрип јунаците на Марвел е на третото место со само 11 милиони долари заработка во премиерниот викенд