Примената на технологијата, дигитализацијата и вештачката интелигенција како двигатели на економскиот развој е темата на Германско-македонскиот бизнис самит што ќе се одржи денеска во Скопје.

На настанот, што ќе обедини високи претставници од бизнис-секторот од државава, Германија и регионот,ќе се дискутира за економските перспективи на Македонија и улогата на ИКТ-секторот, индустриска трансформација, автоматизација и иновации.

Теми се и дигитализација во логистиката и деловните процеси, улогата на стартапите во дигиталната трансформација и иднината на дигиталната економија и примената на вештачката интелигенција.

 

Слични новости

Македонија на зимските олимписки игри со четворица претставници

Вечерва во Италија официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026. Главната церемонија на свеченото отворање ќе почне вечерва во 20 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано.