Иако кондиторскиот производ познат како „Дубаи чоколадо“ стана исклучително популарно и барано во Германија, судот во Келн одлучи дека само производите што всушност се произведуваат во Дубаи можат да се рекламираат под тоа име.
Производите „Alyan Dubai Handmade Chocolate“, кои се продаваат во синџирот на попусти „Aldi Sud“, станаа вистински хит откако се појавија во продажба во декември. Десертот, кој стана познат во светот како „Дубаи чоколадо“ благодарение на TikTok, е комбинација од кремаст ф’стаци, крцкав кадаиф (тенки тестенини направени од брашно и вода) и чоколадо.
Но, окружниот суд во Келн издаде привремена забрана против синџирот супермаркети „Aldi Sud“ да го продава производот, тврдејќи дека името е измамнички, бидејќи слатката всушност била произведена во Турција, а „Aldi Sud“ мора да престане да продава „Дубаи чоколадо“.
Производот може да биде означен како „Дубаи чоколадо“ во Германија само ако е произведен во Дубаи или има географска врска со Дубаи.
Тужбата пред судот ја поднесе увозникот на кондиторски производи Андреас Вилмерс, кој продава производи од брендот „Fex“ од Дубаи во Германија. Во декември, Вилмерс ги пријави маркетот „Lidl“ и производителот на чоколади „Lindt“ поради истата причина.
Одлуката на судот сè уште не е правно обврзувачка и судот Алди има право на жалба.
Слични новости
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки” добитник на BSC Special Achievement Award
Британското здружение на кинематографери (BSC) ја додели својата награда за посебно достигнување (Special Achievement Award) на ИФФК „Браќа Манаки“
Почина познатиот српски новинар и колумнист Теофил Панчиќ
Писателот, колумнист и новинар Теофил Панчиќ синоќа почина по долго и тешко боледување, објави српскиот неделник време, каде што Теофил Панчиќ беше...
И Битлси и Стоунси добитници на Греми
Двата легендарни британски изведувачи во историјата на класичниот рок, Битлси и Ролинг Стоунс, освоија секој по едно признание Греми на 67. американски музички награди во Лос Анџелес