Германските фудбалски клубови од Првата и Втората дивизија продадоа рекорден број билети за сезоната 2023/24, соопшти Германскиот фудбалски сојуз (DFL).
Првпат во историјата на двете најатрактивни фудбалски лигашки натпреварувања во Германија се продадени повеќе од 20 милиони билети. Во сезоната 2023/24. Продадени се вкупно 20,74 милиони билети, со што за прв пат во историјата е пробиен „магичниот праг“ од 20 милиони.

DFL, која ги води двете најсилни фудбалски лиги во Германија, објави дека вкупниот приход во двете лиги изнесува 5,87 милијарди евра, што е за 12 отсто повеќе отколку во рекордната сезона 2022/23.
Истиот извор наведува дека елитната германска прва лига, која има 18 клубови, има просечна поголема посетеност од натпреварувањата во елитната лига во Англија, Шпанија и Италија, додека бројот на гледачи на натпреварите во втората германска лига е споредлив со француската прва лига и северноамериканската МЛС.
Германските второлигаши минатата сезона првпат надминаа приход од милијарда евра. Најпознатиот германски тим Баерн Минхен првпат ја проби оваа бариера во германската прва лига, иако сезоната 2023/24. заврши само на третото место зад Баер Леверкузен и Штутгарт.
Слични новости
Нов деветти пораз на Манчестер сити овој пат од Нотингем Форест
Би Би Си објави дека за прв пат откако менаџер на тимот е Пеп Гвардиоала Манчестер сити може да не учествува во Лигата на шампионите
Историски трипл дабл на Јокиќ во победата на Денвер врз Феникс
МВП-то на НБА лигата Никола Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА што на еден натпревар постигнал најмалку 30 поени, 20 скокови и 20 асистенции.
Кадилак и официјално во Формула 1 од 2026.
Во петокот беше официјално објавено дека тимот на Кадилак ќе учествува на Светското првенство во Формула 1 од 2026 година