Германските потрошувачи сигнализираат претпазливост во очекување на новата влада и планираат повторно повеќе да штедат во април, покажа во петокот објавениот извештај на институтите GfK и NIM.

Индексот на очекувањата на потрошувачите за април бил речиси ист како и во март и изнесувал минус 24,5 бодови, пресметале во GfK институтот и Нирнбершкиот институт за пазарни одлуки (NIM)

Во март индексот падна за 2,1 бод, на минус 24,6 бодови, најниското ниво за малку повеќе од една година.

Истражувањето покажало дека граѓаните повторно покажуваат засилена наклонетост кон штедењето, и покрај подобрените очекувања за примањата и поизразената подготвеност за купувања. Индексот кој ја мери нивната подготвеност на штедење пораснал во март за 4,4 бодови, на 13,8 бодови, што е највисоко ниво наназад една година.

„Изборите и исчекувањето на новата влада го задушија песимизмот на одреден број потрошувачи, но комплетната слика ја одредува повторената засилена наклонетост на штедењето“, изјави Ролф Буеркл од NIМ.

Односот на потрошувачите кон штедењето ја одразува нивната несигурност, додава Буеркл, истакнувајќи дека промена може да донесе токму новата влада.

„Брзото составување на владата и усвојување на годинешниот буџет и овозможиле поголема сигурност при планирањето, не само за компаниите, туку и за домаќинствата“, истакна експертот на NIM

Конзервативците од Унијата CDU/CSU предводени од Фририх Мерц освоија најмногу пратенички мандати на предвремените парламентарни избори на крајот од февруари, и сега преговараат со социјалдемократите од SPD, посакувајќи да ја формираат владејачката коалиција до крајот на април.

Очекувањата на населението за примањата се подобрени во однос на февруари, по влошувањата во првите да месеца од годинава, но Буеркл предупредува дека моментално не е јасно дали тоа означува подобар резултат и завршување на надолниот тренд.

Граѓаните покажале засилена подготвеност на потрошувачка, но сѐ уште е повоздржани отколку во текот на пандемиските „заклучувања“, покажува извештајот. Состојбата во економијата според нивната процена би требало чувствително да се подобри во текот на следните 12 месеци., кон раст на индексот за 5,7 бодови, утврдиле NIM и GfK.

globe

Слични новости

Светските берзи драстично паднаа, по најавата на Трамп за царини на увозот на автомобили

Светските берзи драстично паднаа, по најавата на Трамп за царини на увозот на автомобили

Цените на акциите на светските берзи драстично паднаа минатата седмица, бидејќи инвеститорите стравуваат од ескалација на трговската војна, откако Вашингтон објави царини за увоз на автомобили, а голем број земји се заканија со контрамерки

Доларот ослабе во однос на кошничката валути, инвеститорите претпазливи

Доларот ослабе во однос на кошничката валути, инвеститорите претпазливи

На пазарите на валути се тргуваше претпазливо минатата седмица, бидејќи ризикот од ескалација на цаинската војна меѓу САД и другите најголеми светски економии значително се зголеми, па курсевите на валутуте не осцилираа значително