Американскиот милијардер Илон Маск привлече критики од германската влада и опозициските политичари во неделата за написот во кој се поддржува десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD), што тие го гледаат како надворешно мешање во изборите.

Маск, кој ќе биде надворешен советник во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ја поддржа AfD пред парламентарните избори во Германија на 23-ти февруари, кои беа рааспишани по падот на владата на канцеларот Олаф Шолц.

Коментарот на Маск беше објавен на германски јазик во влијателниот весник Welt am Sonntag, главниот весник на медиумската групација „Axel Springer“. Колумната беше всушност надоврзување откако минатата седмица Маск напиша на X дека „само AfD може да ја спаси Германија“, пофалувајќи го пристапот на партијата кон регулативите, даноците и дерегулацијата на пазарот.

Уредничката на коментарите во споменатиот весник на Х објави дека поднела оставка поради објавувањето на написот на Маск.

Фридрих Мерц, лидер на опозициската Христијанско-демократска унија (CDU) и фаворит за наследник на Шолц како канцелар, во интервју за Funke Media Group рече: „Не можам да се сетам на сличен случај на мешање, во историјата на западните демократии, во изборните кампањи на пријателска земја“. Мерц го опиша коментарот како „наметлив и претенциозен“.

Саскија Ескен, еден од двајцата лидери на социјалдемократите на Шолц, вети жесток отпор на обидите на државните актери и богатите и влијателни поединци да влијаат на изборите во Германија.

„Во светот на Илон Маск, демократијата и работничките права се пречка за повисоки профити. Многу јасно кажуваме дека можеме да ја одбраниме нашата демократија и дека таа не може да се купи“, изјави Ескен за Reuters.

Главниот уредник на Die Welt ја бранеше одлуката за објавување на коментарите, тврдејќи дека демократијата и новинарството напредуваат на слободата на мислење, вклучително и изразување на поларизирачки ставови.

AfD речиси цела година е на второто место во анкетите на сојузно ниво, а на истокот од земјата годинава освојуваше најголем број пратеници во покраинските парламенти, и можеби ќе може да го спречи централно-десниот или левиот центар да формираат мнозинство. Главните партии ветија дека нема да формираат коалиција со AfD.

globe

Слични новости

Министрите на ЕУ разговараат за нов план за воена помош за Киев вреден милијарди евра

Министрите на ЕУ разговараат за нов план за воена помош за Киев вреден милијарди евра

Министрите за надворешни работи на Европската унија треба да се состанат во понеделник за да разговараат за нова иницијатива која би можела да обезбеди милијарди евра дополнителна воена помош за Украина