Германските компании, првенствено во индустрискиот и во трговскиот сектор, планираат да ги намалат работните места, објави економскиот институт Ifo во последното издание на своето месечно истражување.

„Пазарот на трудот е тесен“, рече Клаус Вохрабе, директор за истражување во влијателниот институт.

Индексот на пазарот на трудот според Ifo, кој ги покажува плановите на економијата да вработува или отпушта работници, во јануари изнесуваше 93,4 поени. Кога има 100 поени тоа значи дека нема да има промена. Индексот во последните години е во надолен тренд, со одредени осцилации.

Во секторите на економијата, компаниите од услужниот сектор, туризмот и угостителството покажаа мал интерес за вработување. Најголем број отпуштања се планираат индустријата и трговијата, а нешто помалку во градежништвото.

Основа за пресметување на индексот е обемниот прашалник кој Ifo го испраќа до повеќе од 9.000 германски компании од сите сектори на економијата. Прашалникот ги разгледува плановите на работодавачите за следните три месеци.

globe

Слични новости

Царините на Трамп може да го намалат американскиот извоз за 22 насто

Царините на Трамп може да го намалат американскиот извоз за 22 насто

Новите царини на американската администрација на Доналд Трамп врз Канада, Мексико и Кина, би можеле да го намалат американскиот извоз за 22 насто, доколку погодените држави возвратат со контрамерки, се наведува во денеска објавената анализа на Институтот за економски истражувања од Минхен.