Германските компании се многу попретпазливи кога станува збор за вложувањата во САД, откако нивните директни инвестиции во Америка се речиси преполовени, покажа најновата студија на германската економија.

Од февруари до ноември 2025, германските директни инвестиции во САД паднаа за 45 насто, на околу 10,2 милијарди евра, се наведува во истражувањето кое е засновано врз основа на податоците на Бундесбанката.

Во истио период минатата година инвестициите изнесуваа над 19 милијарди евра, пренесуваат германските медиуми.

 

Слични новости