Германските извозници се песимистични поради војната на Блискиот исток и се загрижени за своето работење, се наведува во денеска објавениот извештај на Институтот за економски истражувања од Минхен.

Вредноста на индексот кој ги мери очекувањата на германските извозници во март падна на минус 0,9 поени од февруарските плус 2,7.

Судирот на Блискиот исток значително ја зголеми неизвесноста меѓу извозниците, а многу компании страхуваат од пад на побарувачката на клучни пазари, изјави раководителот на истражувањето на Институтот Клаус Волрабе.

Хартиената, печатената и хемиската индустрија и натаму очекуваат пад на извозот, додека во машинството и преработувачката на метали е забележана стагнација.  

 

Слични новости

Акциите на Мета пораснаа за 10 насто

Мета во четвртиот квартал на 2025 оствари добивка од 8,88 долари по акција, над проценките на аналитичарите, додека приходите достигнаа 59,89 милијарди долари, исто така над очекувањата, пренесува ЦНБЦ.

Лукоил ги продава странските имоти на американската компанија Карлајл

„Лукоил“ објави дека ќе ги продаде своите странски имоти на американската инвестициска група „Карлајл“, неколку месеци откако САД воведоа санкции против втората по големина руска нафтена компанија, заедно со „Роснефт“.