Германските извозници се песимистични поради војната на Блискиот исток и се загрижени за своето работење, се наведува во денеска објавениот извештај на Институтот за економски истражувања од Минхен.
Вредноста на индексот кој ги мери очекувањата на германските извозници во март падна на минус 0,9 поени од февруарските плус 2,7.
Судирот на Блискиот исток значително ја зголеми неизвесноста меѓу извозниците, а многу компании страхуваат од пад на побарувачката на клучни пазари, изјави раководителот на истражувањето на Институтот Клаус Волрабе.
Хартиената, печатената и хемиската индустрија и натаму очекуваат пад на извозот, додека во машинството и преработувачката на метали е забележана стагнација.
Слични новости
Европските индекси во плус, паднаа цените на нафтата и златото
Европските берзански индекси денеска се во плус, а паднаа цените на нафтата и златото, додека во фокусот на инвеститорите покрај добивките на големите компании, се прелиминарните податоци за економскиот раст во еврозоната во последниот квартал на 2025.
Парламентот на Венецуела ја одобри приватизацијата на нафтениот сектор
Законот ветува дека ќе им даде на приватните компании контрола врз производството и продажбата на нафта и ќе обезбеди независна арбитража во споровите.
Трамп се закани со царини од 50 насто за авионите произведени во Канада
Трамп рече и дека е многу опасно што Велика Британија сака да тргува со Кина, а дека тоа е уште поопасно за Канада.


