Германските извозници се песимистични поради војната на Блискиот исток и се загрижени за своето работење, се наведува во денеска објавениот извештај на Институтот за економски истражувања од Минхен.
Вредноста на индексот кој ги мери очекувањата на германските извозници во март падна на минус 0,9 поени од февруарските плус 2,7.
Судирот на Блискиот исток значително ја зголеми неизвесноста меѓу извозниците, а многу компании страхуваат од пад на побарувачката на клучни пазари, изјави раководителот на истражувањето на Институтот Клаус Волрабе.
Хартиената, печатената и хемиската индустрија и натаму очекуваат пад на извозот, додека во машинството и преработувачката на метали е забележана стагнација.
Слични новости
Србија го забрани извозот на нафтата и сите нафтени деривати
Забраната се однесува на извозот на дизел, бензин и сирова нафта за сите видови транспорт до 19 март, по што натаму ќе се носат одлуки
Почна светска криза: Нафтата достигна цена од 118 долари за барел
Цените на нафтата денеска стигнаа до 118 долари по барел, поради пореметувањата во снабдувањето. Цената на нафтата за прв пат е повисока од 100 долари по барел од почетокот на војната во Украина во 2022.
Загубени 92 000 работни места во САД во февруари
Според најновите податоци на Бирото за статистика на трудот на САД, економијата на САД изгубила околу 92.000 работни места, што претставува сериозен удар за економските очекувања и политичката реторика на Доналд Трамп.


