Германските извозници се песимистични поради војната на Блискиот исток и се загрижени за своето работење, се наведува во денеска објавениот извештај на Институтот за економски истражувања од Минхен.
Вредноста на индексот кој ги мери очекувањата на германските извозници во март падна на минус 0,9 поени од февруарските плус 2,7.
Судирот на Блискиот исток значително ја зголеми неизвесноста меѓу извозниците, а многу компании страхуваат од пад на побарувачката на клучни пазари, изјави раководителот на истражувањето на Институтот Клаус Волрабе.
Хартиената, печатената и хемиската индустрија и натаму очекуваат пад на извозот, додека во машинството и преработувачката на метали е забележана стагнација.
Слични новости
Намалена вредноста на азиските берзи, нафтата Брент на 111 долари за барел
Во извештаите се наведува дека акциите остро паднаа откако САД и Иран упатија закани дека ќе го интензивираат вооружениот судир кој влегува во четвртата недела, пренесе Би Би Си.
Европските акции паднаа поради очекување на повисоки каматни стапки
Акциите на аверопските берзи паднаа поради растот на цената на нафтата и стравот на инвеститорите дека ценралните банки ќе ги зголемат каматните стапки. Паневропскиот СТОКС падна за 1,7 насто, а и сите регионални берзи забележуваат негативни резултати.
Иран вели дека нема вишок нафта за продажба
Иранското Министерство за нафта ги оквалификува денеска како „психолошки трик“ изјавите на американскиот секретар за финансии Скот Бесант, кој рече дека Вашингтон привремено ги ублажува санкциите за да му дозволи на Техеран да продава нафта „што ја складирал на море“.


