Германските извозници се песимистични поради војната на Блискиот исток и се загрижени за своето работење, се наведува во денеска објавениот извештај на Институтот за економски истражувања од Минхен.
Вредноста на индексот кој ги мери очекувањата на германските извозници во март падна на минус 0,9 поени од февруарските плус 2,7.
Судирот на Блискиот исток значително ја зголеми неизвесноста меѓу извозниците, а многу компании страхуваат од пад на побарувачката на клучни пазари, изјави раководителот на истражувањето на Институтот Клаус Волрабе.
Хартиената, печатената и хемиската индустрија и натаму очекуваат пад на извозот, додека во машинството и преработувачката на метали е забележана стагнација.
Слични новости
Цената на нафтата откако синоќа падна, денеска повторно надмина 100 долари за барел
Раст на цената на нафтата уследи откако вчера се намали за 10 отсто по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги одложи нападите врз Иран и најави разговори со Техеран.
Словенија го ограничи купувањето гориво
Словенија го ограничи купувањето гориво за да се справи со недостигот на бензинските пумпи, предизвикан делумно од прекуграничното снабдување со гориво и складирањето поради војната во Иран.
Голдман Сакс: Европската централна банка во април ќе ги качи каматните стапки
Њујоршката инвестициска банка Голдман Сакс очекува дека Европската централна банка (ЕЦБ) во април и во јуни ќе ги зголеми каматните стапки за по 25 базни поени.


