Кризата во германската изградба на станови се прошири на почетокот на 2025 година, со слаба побарувачка и покрај недостигот од протор за домување, според истражувањето на економскиот институт ifo.

Нешто повеќе од половина од анкетираните менаџери во секторот за изградба на станови, односно 57 отсто, се пожалиле во јануари на недоволно нарачки, најмногу откако Ifo почна да објавува месечни истражувања. Во декември, 53,6 отсто од нив биле зафатени од недостигот на нарачки.

Падот во секторот започна на почетокот на 2022 година и го достигна дното пред околу една година. Ситуацијата во меѓувреме не е значително подобрена и „кризата стана ‘новото нормалано’“, заклучува шефот на институтот, Клаус Волербе.

„Ниту намалувањето на каматните стапки на Европската централна банка не помогна многу“, додава Волербе.

Многу градови во исто време страдаат од недостиг од станови и скок на кириите. Така, во 2022 година Берлин доби повеќе од 75.000 нови жители, а беа изградени само 15.000 нови станови.

Социјална експлозија?

„Јазот меѓу многу силната побарувачка за поволни станови и слабата понуда може да предизвика социјална експлозија“, предупредува шефот на здружението на градежни компании, Тим-Оливер Милер.

Поради високите кирии и поврзаните трошоци за домување, повеќе германски граѓани се сиромашни денес отколку што претходно се претпоставуваше, покажа истражувањето засновано на податоците од добротворната организација Paritaetische Gesamtverband.

Многу домаќинства трошат повеќе од една третина од својот приход за домување, а по плаќањето на киријата и поврзаните трошоци за домување и плаќањето камати за заеми и други слични сметки, повеќе од 17,5 милиони граѓани имаат приход што ги става во сиромашната група, покажа анализата на податоците.

Коалициската влада во заминување планираше најмалку 400.000 нови станови годишно, а податоците покажуваат дека нешто помалку од 300.000 биле завршени во 2023 година.

Прогнозите на институтот ifo и европската градежна истражувачка мрежа Еуроконструкт од август 2024 година покажаа дека бројката може да падне под 200.000 нови станови годишно до 2026 година.

Најголем дел од анкетираните градежни компании изразуваат песимизам во нивните прогнози за наредните месеци.

 

 

Скок на станарините

Побарувачката за градежни работи на станови е попречена од високите градежни и кредитни трошоци, што резултира со недостиг од станбен простор што доведува до скок на кириите, објасни во мај здружението на банките Pfandbrief (vdp).

Трошоците за изградба значително се зголемија последните години поради повисоките каматни стапки на кредитите и значително повисоките трошоци за работна сила и цените на градежните материјали. Во такви услови, бројот на одобренија за градба падна, а побарувачката ослабе, што резултираше со пониски цени на становите, според vdp.

Во првиот квартал од 2024 година цената на станбените квадратни метри била за 4,3 отсто пониска во однос на истиот период во 2023 година, а цената на закупнината била за 5,6 отсто повисока, соопшти здружението.

Трендот на раст на кириите нема наскоро да стивне, оценуваат од здружението, објаснувајќи дека падот на градежната активност го продлабочува недостигот од станови, што пак значи уште повисоки кирии.

„Пазарот за изнајмување станови е под огромен притисок. Побарувачката значително ја надминува понудата“, рече извршниот директор на vdp, Јенс Толцкмит.

globe

Слични новости

Европските берзи растат, тргувањето претпазливо и во Азија

Европските берзи растат, тргувањето претпазливо и во Азија

Цените на акциите пораснаа на европските берзи во средата наутро, благодарение на надежите за прекин на огнот меѓу Русија и Украина, но тргувањето беше претпазливо бидејќи Европската комисија најави контрамерки на американските царини

Волстрит падна втор ден по ред

Волстрит падна втор ден по ред

Цените на акциите паднаа на Волстрит во вторник втор ден по ред бидејќи инвеститорите стравуваа дека царинската војна меѓу САД и нивните најголеми трговски партнери ќе ѝ наштети на економијата