Германскиот регулатор за заштита на конкуренцијата денеска ги повика компаниите што поскоро да ги намалат цените на бензинот и дизелот, откако падна цената на сировата нафта, по примирјето на Блискиот исток.
Претседателот на Сојузната канцеларија против картелите Андреас Мнт истакна дека падот на цената на нафтата, многу бргу треба да се одрази и на цените на бензинските пумпи.
Тој предупреди на практиката цените на горивата бргу да растат кога се зголемуваат трошоците, но кога трошоците се налауваат цените паѓаат поспоро.
Слични новости
Цената на нафтата откако синоќа падна, денеска повторно надмина 100 долари за барел
Раст на цената на нафтата уследи откако вчера се намали за 10 отсто по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги одложи нападите врз Иран и најави разговори со Техеран.
Словенија го ограничи купувањето гориво
Словенија го ограничи купувањето гориво за да се справи со недостигот на бензинските пумпи, предизвикан делумно од прекуграничното снабдување со гориво и складирањето поради војната во Иран.
Голдман Сакс: Европската централна банка во април ќе ги качи каматните стапки
Њујоршката инвестициска банка Голдман Сакс очекува дека Европската централна банка (ЕЦБ) во април и во јуни ќе ги зголеми каматните стапки за по 25 базни поени.


