Германскиот министер за одбрана Борис Пасториус го повика американскиот претседател Доналд Трамп да се извини поради изјавите кои сугерираат дека американските сојузници во НАТО ја одбегнувале службата на првата линија на фронтот во Авганистан.

Трамп минатата недела рече дека на Американците никогаш не им била потребна трансатлантската алијанса и ги обвини сојузниците дека останале зад првата линија на фронтот во Авганистан.

Пасториус рече дека „едноставно не е вистина и дека е непочитување на мртвите на вашите сојузници да се зборува на таков начин. Сите стоеја таму, покрај САД. Да се тврди денеска друго, едноствано е лага“ ја пренесува Ројтерс изјавата на Пасториус.

Слични новости

Русија ја блокираше платформата Вотсап

Русија ја блокираше платформата Вотсап

Руската служба за надзор на комуникациите и медиумите Роскомнадзор го острани Востап од ДНС серверите, со што е оневозможено користењето на оваа апликација во земјата.