Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна напад врз заедничките западни вредности, кои треба да се сфатат многу сериозно, изјави во неделата германскиот вицеканцелар Роберт Хабек.

Во петокот, на првиот ден од Минхенската безбедносна конференција, американскиот потпретседател ЏејДи Венс ја критикуваше одлуката на европските, и во прв ред германските етаблирани партии да не соработуваат со крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) и покрај нејзината голема поддршка од грашаните, во изјави кои беа остро отфрлени од официјален Берлин.
„Тоа е…фактот дека она што некогаш дојде во Европа од Америка се напушта: владеењето на правото, либералната демократија и поредокот заснован на правила“, рече Хабек, член на партијата на Зелените, за време на предизборната дебата во живо емитувана од германскиот телевизискиот канал RTL.
Слични новости
Најмалку 19 загинати во торнадата на југот на САД
Најмалку 19 луѓе загинаа во САД, од кои 11 само во сојузната држава Мисури, откако смртоносните торнада зафатија неколку југоисточни држави
Американската војска ги нападнаа јеменските Хути, Трамп го предупреди Иран
Американските сили во саботата започна воени удари врз позиции на јеменските бунтовници од шиитското Хутистичко движење поради нивните обновени напади врз бродови во Црвеното Море
Трамп потпиша уредба за кратење на буџетот на „Гласот на Америка“ и на шест други агенции
Некои републиканци одамна го обвинуваат „Гласот на Америка“ за пристрасност против конзервативците. Месецов Маск повика на затворање на медиумот, како и на Радио Слободна Европа.