„Deutsche Post“ во четвртокот објави дека ќе отпушти 8.000 работници до крајот на годината за да ги намали трошоците, по скромниот раст на приходите на матичната групација DHL во 2024 година.
Отпуштањата опфаќаат околу четири отсто од вкупните 187.000 работници во одделот за поштенски услуги во нејзината матична земја Германија и се дел од пошироката програма за намалување на трошоците што треба да ја подобри ефикасноста на бизнисот, тврдат тие.
Програмата за намалување на трошоците вклучува и оддели на глобалниот логистички гигант DHL, кој вработува околу 600.000 луѓе ширум светот. „Deutsche Post“ е нејзина германска подружница, забележува агенцијата dpa.

Групацијата DHL се обидува да ги намали трошоците и проценува дека програмата ќе им донесе заштеда од повеќе од милијарда евра.
Во 2024 година приходите на групацијата пораснаа за само три отсто, на 84,2 милијарди евра. Оперативната добивка, пак, е намалена за 7,2 отсто, на 5,9 милијарди евра.
Нивните трошоци се зголемија за 2,6 отсто, на 42,8 милијарди евра и беа концентрирани првенствено во глобалниот товарен оддел.
Приходите на одделот за поштенски услуги во Германија, „Post&Parcel Germany“, забележаа речиси ист процентуален раст на приходите, од 2,7 проценти. Но, нивната добивка пред камати и даноци е намалена за 5,6 отсто, на 821 милион евра.
Бројот на писма со години се намалува, а во 2024 година значително е намален и бројот на рекламни флаери, соопштија од компанијата. Светлата точка е поголемиот обем на испорачани пакети.
Одделите за брза испорака и логистички услуги се значително попрофитабилни, но ги трпат негативните последици од падот на економската активност и геополитичките тензии.
Менаџментот на DHL е внимателен во своите прогнози поради „пригушеното макроекономско опкружување“.
„Очекуваме глобалната политичка и економска ситуација да остане нестабилна во 2025 година“, изјави извршниот директор на групацијата DHL, Тобијас Мајер.

Слични новости
Повеќе од 150 000 работни места отворени во САД, иако расте невработеноста
Во Америка во февруари се отворени 150 000 работни места, но и покрај тоа, невработеноста порасна на 4,1 насто поради заканите на претседателот Трамп со трговски војни и најавите дека од САД ќе бидат вратени милиони имигранти.
Германската пошта укинува 8.000 работни места
Германската пошта денеска објави дека има намера да укине 8.000 работни места во Германија за да ги намали трошоците на работењето.
Кафето на историски највисока цена на берзата
Само во првите два месеци од оваа година, суровото кафе на светските берзи поскапе за дополнителни 30%.