Во март 2026 индустриското производство во Германија е намалено втор месец по ред, како последица на конфликтот на Блискиот исток, извести Блумберг.

Во март германската индустрија неочекувано забележа пад втор месец по ред, што ја засили загриженоста за најголемата европска економија која се соочува со последиците од војната во Иран.

Според податоците на германската служба за статистика, обемот на производството паднал за 0,7 насто во однос на месец февруари.

Падот доаѓа главно како последица во енергетскиот сектор и машинската индустрија.

Слични новости

Леви Штраус ги надмина очекувањата од добивка

Компанијата Леви Штраус ги објави приходите и профитот во четвртиот квартал кои ги надминаа очекувањата на Волстрит. По објавената добивка на Левис, акциите на компанијата пораснаа за два насто.