Шеесет ишестгодишната директорка на приватниот музеј „Checkpoint Charlie“ во центарот на Берлин го роди своето десетто дете, јавува германската новинска агенција dpa.
Александра Хилдебрант во вторникот за агенцијата потврди дека нејзиниот син се родил со царски рез минатата среда. Хилдебрант изјави за весникот Bild дека родила осум деца откако наполнила 53 години. Тaa има и две возрасни деца.

Хилдебрант отсекогаш сакала да има големо семејство и вели дека сака да ги охрабри луѓето да имаат повеќе деца. Истакна дека не користела репродуктивни технологии за зачнување.
„Се хранам многу здраво, пливам редовно еден час, пешачам два часа, не пушам и не пијам и никогаш не сум користела контрацепција“, изјави за Bild.
Лекарот од болницата „Charité“, Волфганг Хенрих, рекол за медиумите дека Хилдебрант е најстарата трудница за која се грижел, откако ги извршил сите осум нејзини царски резови.
Слични новости
Венеција вели дека се шират „лажни вести“ за свадбата на Безос
Еден од најбогатите луѓе на планетата и основач на Amazon и неговата вереница новинарката Лорен Санчез кон крајот на јуни би требало да се венчаат во Венеција
Откриена гробница на непознат египетски фараон
Египетски археолози и истражувачи на музејот при Универзитетот Пенсилванија го објавија откривањето на гробницата на длабочина од седум метри под површината на земјата, во древната некропола на планината Анубис
Италијански градоначалник ги отстрани кафематите во канцелариите
Иако уживањето на кафето во Италија е на ниво на национална светост и гордост, градоначалникот на еден мал град близу Венеција ги забрани сите уреди за топли пијалаци во општинските канцеларии