Германија забележа најсилно зголемување на реалните плати минатата година од 2008 година, објави во средата Сојузниот завод за статистика во Визбаден.
„Реалните плати лани се зголемија за 3,1 отсто во споредба со 2023 година. Номиналните плати се зголемени за 5,4 отсто, а во исто време потрошувачките цени се зголемени за 2,2 отсто“, се вели во соопштението на Заводот за статистика.

Причината за најсилното зголемување на реалните плати од 2008 година, од кога статистички се следи оваа вредност, се еднократните исплати за ублажување на ефектите од инфлацијата во последните години што ги добиваа многу вработени, како и многуте, за вработените, поволни колективни договори склучени минатата година.
Во претходните години, поради пандемијата и разни глобални фактори како што е војната во Украина, реалните плати не растеа, а во 2022 година дури и се намалија.
И покрај растот на реалните плати минатата година поради бранот поскапувања во последните години, реалните плати сè уште не го достигнале нивото пред пандемијата од 2019 година.
Сепак, како што информираат од Институтот за економија и социологија (WSI), зголемувањето на платите минатата година треба да се поврзе со зголемените маржи во некои сектори за време на кризните години.
Платите се особено силно зголемени во секторите информатика и комуникации, како и во здравствениот и социјалниот сектор.
Реалните плати се зголемени за 5,3 отсто кај вработените жени.
Годинава економистите не очекуваат сличен раст како лани.
„Предуслов за силно зголемување на реалните плати е значително заживување на економската активност, што не е на повидок“, соопшти Економскиот институт во Кил.
Минатата година просечната месечна нето плата за самец без деца во Германија била 2.394 евра.
Слични новости
Поради страв од рецесија остар пад на Волстрит
На Волстрит берзанските индекси во понеделникот остро паднаа, продолжувајќи го негативниот тренд од минатата седмица, бидејќи инвеститорите се несигурни околу трговската политика на Вашингтон и стравуваат од рецесија
Цените на нафтата под 70 долари
Цените на нафтата паднаа под 70 долари на меѓународните пазари во понеделникот, бидејќи најавеното зголемено снабдување од групаta големи производители ги надмина навестувањата од Вашингтон дека може да воведе санкции за иранскиот извоз
BioNTech ја заклучи 2024. со загуба
Германската биофармацевтска компанија „BioNTech“ во понеделникот објави дека ја завршила 2024 година со нето загуба и значително помал приход поради послабата побарувачка за нејзината вакцина против против ковид-19