Јирген Клоп на клупата на панцерите сеуште нема ниту една победа по нерешените 1:1 со Холандија и неочекуваниот пораз на домашен терен од Грција со 0:1. Клоп рече дека резултатот не е добар, но дека без сомнение е дел од процесот.

„Само една недела сме заедно, формираме нов тим, така што треба да создадеме рутини. Неопходни ни се тренинзи“ порача Клоп. Тој ја прифати одговорноста за поразот и рече дека целиот систем, како и замените во тимот биле негова идеја.

Клоп порача дека за три дена ги очекува нов важен натпревар против Србија, на кој Германија нема право на грешка затоа што има само еден бод во групата.

Слични новости

Англија-Чешка 3:0, Кејн го израмни рекордот на Шилтон

Англија-Чешка 3:0, Кејн го израмни рекордот на Шилтон

Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во А дивизијата од Лигата на нациите во групата 3, откако на Вембли ја победи Чешка со 3:0. Центарфорот Хари Кејн постигна два гола на својот 125 -ти настап за селекцијата на Англија со што го израмни рекордот на Питер Шилтон.