Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска потврди дека сојузната влада е подготвена да интервенира доколку се појави недостиг на керозин во Европа.

Иако призна дека снабдувањето во моментов е отежнато, тој нагласи дека состојбата е сè уште стабилна.

Како што пренесува „Шпигел“, Мерц најави итно свикување на Националниот совет за безбедност за да се разгледа стратегијата за енергетска стабилност.

Според него, клучниот приоритет на државата во овој период е да им обезбеди на стопанството и на граѓаните сигурна и непречена испорака на дизел, бензин и авионско гориво.

Слични новости

Цените на нафтата и гасот во режим на паника

Цените на нафтата и гасот во режим на паника

Цената на нафтата Брент денеска се покачи за 4,79 насто на 96,3 долаи по барел, а сировата нафта скокна за 4,29 насто на 91 долар за барел. Експертите сметаат дека цените на енергентите на берзите и натаму се во режим на паника.