На стадионот „Тумба“ во Солун, фудбалската репрезентација на Грција повторно направи изненадување и одигра нерешено против селекцијата на Германија 0:0. Избраниците на Јирген Клоп беа подобри, создадоа и неколку шанси, а и постигнаа гол против Буркарт, но беше поништен од судијата поради играње со рака.

На крајот мечот заврши нерешено 0:0, што е резултат кој многу повеќе и одговара на Грција. Грција по четири одиграни кола има 8 бодови, колку што има и Холандија, Германија е на третото место со пет, а Србија нема ниту еден бод, откако вчера беше поразена од Холандија со 2:1.

Германија на домашен терен загуби од Грција, а на гости одигра нерешено и до крајот на квалификациите во групата Клоп ќе има сериозни проблеми да го обезбеди второто место во групата со променетиот германски состав.  

Слични новости

Хари Кејн прогласен за најдобар фудбалер во Германија за 2025 година

Хари Кејн прогласен за најдобар фудбалер во Германија за 2025 година

Центарфорот на Барен Минхен Хари Кејн е прогласен за најдобар играч на Бундеслигата. Англичанецот ја доби наградата што ја доделува магазинот „Кикер“ врз основа на гласањето на Здружението на германски спортски новинари.