Германската влада проценува дека Германија ќе забележи раст од 1 насто во 2026 и 1,3 насто во 2027, покажува денешната анализа на министерството за економија на Германија.

Новите проценки главно се во согласност со прогнозите на финансиските институции како што е ММФ, но претставуваат благо намалување во однос на прогнозите во октомври кои проектираат раст од 1,3 во 2026 и 1,4 во 2027, пренесува Блумберг.

Германското министерство за економија наведува дека очекуваното опоравување ќе биде заснивано пред се на силниот раст на државната потрошувачка, особено вложувањата од повеќе стотици милијарди евра во инфраструктура и оружените сили.

Слични новости

Криза за гориво на европските аеродроми

Криза за гориво на европските аеродроми

На европските аеродроми им се заканува системски недостиг од авионско гориво доколку Ормускиот теснец во наредните три недели целосно не се отвори за сообраќај, предупреди авио-индустријата.