Германија останува на својата одлука да не испраќа ракети со долг дострел во Украина, изјави во понеделникот портпаролот на германската влада, откако Вашингтон одлучи да дозволи употреба на оружје од САД за напади во длабочината на териоријата на Русија.

„Одлуката на канцеларот (Олаф Шолц) останува непроменета“, рече портпаролот на редовната прес-конференција во Берлин.

Германија е вториот најголем донатор на воена опрема за Украина по САД, но Шолц одбива да испрати германски ракети „Turus“ со долг дострел во Украина, поради страв од ескалација на конфликтот со Русија, поради тоа што за користењето на овие напредни системи е неопходен добро обучен кадар и сателитско-наведувачка инфраструткруа коишто Украина не ги поседива, што подразбира ангажирање на германски офицери.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок претходно во понеделникот ги поддржа меиумските извештаи дека американскиот претседател Џо Бајден ѝ дозволил на Украина да користи американски ракети со долг дострел против одредени цели во Русија.

Според извештаите на медиумите, претседателот Бајден ја овластил Украина да користи ракети АТАCMS „за да ги брани сопствените сили“, особено во руската Курска област, која беше делумно окупирана од украински војници на почетокот на август но со огромни загуби во жива сила и западна воена опрема сѐ повеќе е потискувана.

globe

Слични новости

Русија лансирала интерконтинентална балистичка ракета кон Украина

Русија лансирала интерконтинентална балистичка ракета кон Украина

Русија лансираше интерконтинентална балистичка ракета од јужниот регион Астрахан за време на утринскиот напад врз Украина во четвртокот, тврдат киевските воздухопловни сили, што би било првпат Русија да употреби толку моќна ракета со долг дострел за време на војната

Захарова: Појавата на НАТО сили во Украина би значел почеток на војната на Алијансата со Русија

Захарова: Појавата на НАТО сили во Украина би значел почеток на војната на Алијансата со Русија

Можеби тие не разбираат, но појавата на НАТО контингенти на територијата на Украина ќе значи дирекнто влегување на алијансата во војна против Русија, за што повеќе пати ги предупредивме“, рече Захарова.

Значително јакнење на кинеско-бразилските односи

Значително јакнење на кинеско-бразилските односи

Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот бразилски колега по должност и домаќин Луис Инасио Лула да Силва во средата ги подигнаа дипломатските односи на повисоко ниво и склучија договори за инфраструктурата, енергијате и земјоделството, зацврстувајќи ги врските меѓу двете најголеми светски економии во развој