Во последното одлучувачко коло Германија во Лајпциг ја декласираше Словачка со 6:0 и обезбеди директен пласман на Мундијалот. Словаците по овој пораз се втори во групата и шансата за пласман ќе ја бараат во бараж натпреварот.

Германија водеше со 4:0 уште на полувреме со головите на Волтемаде, два гола на Серж Гнабри и Лирој Сане, а Флоријан Вирц запиша две асистенции. Во второто полувреме резервните играчи од Лајпциг Баку и Уедраого го комплетираа понижуваќкиот пораз за Словаќка 6:0.

Од групата Г директно на Мундијалот оди Холандија која со 4:0 ја победи немоќната селекција на Литванија. Стрелци на головите за Холандија беа Реијндерс, Гакпо, Чави Симонс и Донијел Мален. Во баражот од групата Г оди Полска која синоќа како гостин ја победи Малта со 3:2.

 

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа