Германскиот канцелар Олаф Шолц и српскиот претседател Александар Вучиќ се сретнаа во вторникот во германскиот град Фрајберг, каде беа информирани за можностите за одржлива експлоатација на литиум.
„Литиумот е од пресудна важност за автомобилската индустрија, а со тоа и за подобрување на Европа. Германската влада има јасен став: потребна ни е оваа и другите критични суровини“, рече Олаф Шолц.
Рече и дека се важни сигурни и разновидни синџири на снабдување и поддршка за локални проекти за ископ на литиум, како оној во германскиот Алтенберг, како и одржувањето на еколошките стандарди.

„Побарувачката на оваа суровина е огромна и затоа е важно да се поддржат и другите проекти во Европа“, рече Шолц посочувајќи на плановите за експлоатација на литиум во долината на реката Јадар во западна Србија.
Шолц рече дека заедно со Александар Вучиќ денеска во Саксонската рударска управа во Фрајберг и преку презентација на планираниот проект за експлоатација на литиум во Алтенберг во близина на границата на Германија и Чешка, биле информирани за можностите за еколошка експлоатација на литиумот.
Шолц посочи дека е важно да се постигне висок степен на прифаќање на овие проекти кај граѓаните кои живеат во близина на рудникот.
„Граѓаните често претпазливо ги следат ваквите проекти, стравувајќи плашејќи
за животната средина. Затоа високите стандарди се важни кога станува збор за заштита на животната средина и одржливоста“, рече Шолц.
Според него, прашањето за одржливоста не е важно само во Германија, туку и во Србија „каде исто така има планови за експлоатација на литиумот, во кои се сака да се вклучи и Европската унија“.
„Ние како германска влада гледаме многу позитивно на овие планови“, рече Шолц и додаде дека во Германија, освен во Алтенберг, проекти за експлоатација на литиум се планирани и во Рајнска област.
Шолц заклучи дека Германија и Србија сакаат да ја продолжат соработката кога станува збор за експлоатација на литиумот и размена на искуства и „да учат една од друга“.
Германскиот канцелар рече и дека со Вучиќ разговарал и за други теми, како што е проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан, а ја истакнал важноста на добрососедските односи.
„Тоа, пред сѐ, се однесува на односите меѓу Србија и Косово. Работиме да обезбедиме поддршка на двете страни“, рече Шолц.
Александар Вучиќ му се заблагодари на канцеларот Шолц за неговото гостопримство и можноста да научи за современите форми на експлоатација на литиумот.
„Она што е важно за нас е германската експертиза и размената на искуства на експерти користејќи го вековното искуство на рударството во Саксонија“, рече Вучиќ.
Во јули, во присуство на канцеларот Шолц и претседателот Вучиќ, Србија и Европската унија потпишаа договор за намери за експлоатација на литиум во долината Јадар во Белград, што беше проследено со бројни протести на претставници на опозицијата и невладините организации кои се против овој проект.
Вучиќ ѝ се заблагодари на Германија за поддршката во отворањето на Кластерот 3 во преговорите на Србија со Европската унија за полноправно членство.
По посетата на Вучиќ, претставникот на Бундестагот и известувач на Либерално-демократската партија (FDP) за Западен Балкан, Томас Хакер, го негираше неговото тврдење дека Германија ја поддржува Србија во отворањето на Kластерот 3.
„И оваа изјава го покажува тешкиот однос на Вучиќ кон вистината. Факт е дека Германија е против отворањето на оваа група преговарачки поглавја, што, со оглед на слабиот напредок на Србија за основните прашања, е единствената правилна одлука“, рече Хакер.
Слични новости
Додик осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење дејност
На претседателот на Република Српска му се судеше од февруари 2024 година затоа што не постапил по одлуката на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит, одговорен за почитување на мировниот договор
Во куќа во Брчко откриено 31 дете, меѓу кои и бебиња, предмет на трговија со луѓе
. Кај децата биле пронајдени хрватски пасоши, а три лица се уапсени под сомнение дека извршиле повеќе кривични дела, меѓу кои и трговија со луѓе
Поради Курти, Косово остана без поддршката на НАТО, САД и ЕУ, вели Харадинај
Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (АБК) Рамуш Харадинај денеска го обвини премиерот Албин Курти дека со својата политика ги поделил граѓаните на Косово и ја оставил земјата без поддршка од НАТО, САД и Европската Унија