Германија и Австрија во понеделникот ја запреа обработката и верификацијата на барањата за азил од луѓе од Сирија, откако режимот на претседателот Башар ал-Асад беше соборен во текот на викендот.
„Со оглед на нејасната ситуација во Сирија, одлуката да се започне со обработка на барањата за азил на граѓаните на оваа земја е точна“, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер од владејачката Социјалдемократската партија на Германија (SPD).

Истовремено, таа ги окарактеризира како „несериозни“ барањата за враќање во Сирија на лицата со статус на бегалци кои живеат во Германија.
„Многу бегалци кои побараа помош во Германија сега можат да се надеваат дека ќе се вратат во својата татковина и ќе ја обноват земјата“, рече Фезер.
Христијанско-демократската унија CDU/CSU веќе излезе во јавноста со предлог на секој сириски бегалец да му понуди премија од 1.000 евра во случај да се врати во Сирија.
Демохристијаните, чија партија би можела да излезе како победник на претстојните предвремени парламентарни избори, предложија да се одржи конференција на која ќе се планира враќање и обнова на Сирија. На конференцијата би учествувале земјите кои примиле најголем број бегалци од Сирија, како Турција, Јордан, Австрија и Германија.
Поради новонастанатата ситуација во Сирија, Австрија го запре и процесирањето на моментално недовршените барања за заштитен статус на лица од Сирија. Истовремено, треба да се разгледаат сите барања за азил кои досега биле позитивно решени.
Слични новости
Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте повика во понеделникот во Сараево кризата во Босна и Херцеговина да се смири со одговорно однесување на нејзините политичари, што не ги спречи членовите на Претседателството на БиХ да се расправаат пред него
Кремљ гледа политичка волја за обновување на односите со САД
Русија смета дека обновувањето на односите со САД е долгорочна и тешка задача, но верува дека постои политичка волја кај двете страни да се постигне напредок, соопшти во понеделникот Кремљ
Новиот канадски премиер до Трамп: Канада ќе победи
Новиот канадски премиер Марк Карни во својот говор по изборот за лидер на Либералната партија, а со тоа и за премиер, изјави дека неговата земја „ќе победи“ и „никогаш на кој и да е начин нема да биде дел од САД“