Германија планира во вторник да разговара со претставници на Хајат Тахрир ал-Шам (HTS) во Дамаск, соопшти Министерството за надворешни работи, придружувајќи им се на САД и Велика Британија во контакт со исламистичката џихадистичка група која го предводеше соборувањето на претседателот Башар ал-Асад.
Првите разговори на германските дипломати со претставници на привремената влада назначени од HTS, поранешното сириско крило на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда кое сѐ уште е на листата теористички организацииј на ОН, ќе се фокусираат на процесот на транзиција за Сирија и заштитата на малцинствата, изјави портпаролот на германското министерство.
„Се разгледуваат и можностите за дипломатско присуство во Дамаск“, додаде портпаролот во изјавата, повторувајќи дека Берлин внимателно ја следи HTS со оглед на нејзините корени во идеологијата на Ал Каеда.
„Нам ни се чини дека тие досега постапуваа претпазливо“, рече герамскиот портпарол за групата чии членови го предводеа соборувањето на Асад на почетокот на овој месец, завршувајќи ја 13-годишната војна.
Граѓанската војна во Сирија доведе до миграција на милион Сиријци во Германија. Крајот на конфликтот предизвика дебата во европската земја за процедурата за азил, која за Сиријците сега е суспендирана и зависи од проценката на ситуацијата во нивната матична земја.
Германија тесно соработува со партнерите, вклучувајќи ги САД, Франција и Велика Британија, како и арапските држави, кога станува збор за Сирија, изјави портпаролот на германското Министерство за надворешни работи.
Слични новости
Русија го уапси атентаторот на генерал Кирилов
Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека денекса е уапсен осомничениот за терористичкиот напад во кој беше убиен начелникот на руската...
На Мајот стравуваат од „десетици илјади“ можни жртви на циклонот
Три дена откако циклонот Шидо ја погоди француската прекуморска територија во Источна Африка, службите за итни случаи не регистрираа многу повреди, поради што стравуваат од најлошото
Илон Маск и неговата компанија под безбедносни проверки
Воздухопловните сили неодамна ги навеле потенцијалните безбедносни ризици како причина поради која му ускратиле на Маск безбедносен пристап на највисоко ниво