Во петокот во Берлин почнаа прелиминарните разговори за формирање германска коалициска влада меѓу Унијата на демохристијаните CDU/CSU и Социјалдемократската партија на Германија (SPD).

Според информациите на агенцијата dpa, првата средба на водечките претставници на Унијата на CDU/CSU и SPD, предводена од кандидатот за канцелар на Унијата и претседател на Христијанско-демократската унија (CDU) Фридрих Мерц и потпретседателот на SPD, Ларс Клингбејл, треба да ја елиминира „атмосферата на несогласување“ создадена за време на изборната кампања.

 

Покрај Мерц и Клингбејл, во преговорите од секоја страна учествуваат вкупно девет преговарачи, вклучувајќи ги и генералните секретари на партијата и премиерите на некои од поважните сојузни држави.

Веднаш по изборната победа минатата седмица, на која Унијата CDU/CSU освои 28,5 отсто од гласовите, втор најслаб изборен резултат во историјата на партијата, Мерц најави дека поради огромните задачи и на внатрешен и на надворешнополитички план, сака што побрзо да формира функционална влада, по можност „до Велигден“, која годинава се паѓа на 20 април.

Според информациите на јавниот сервис ARD, разговорите почнале порано од планираното, што укажува на желба за што побрзо формирање влада.

Потпретседателот на SPD која стана само третата по сила партија во Германија со катастрофални 16,5 отсто од гласвоите, во исто време рече дека SPD сака преговори, но нема да влезе во коалициска влада по секоја цена.

Првичните разговори треба да утврдат и прелиминарен распоред за преговорите. Се проценува дека контроверзните теми би можеле да вклучуваат прашања за миграцијата, како и новото задолжување.

SPD, исто така, сака да ја запре нерегуларната миграција, но ги смета плановите на Унијата CDU/CSU да ги одврати сите мигранти на границата неуставни.

globe

Слични новости

Канада им возвраќа на САД со царини од 29,8 милијарди долари

Канада им возвраќа на САД со царини од 29,8 милијарди долари

Канада ќе им воведе на САД царини во вредност од 29,8 милијарди канадски долари почнувајќи од четврток наутро како одговор на царините што ги воведе Вашингтон за челик и алуминиум, изјави канадскиот министер за финансии Доминик Лебланк