Германија воведе дастични мерки и нови ригорозни правила за системите на греење на јаглен кои заминуваат во историјата. Греењето на дрва ќе биде ограничено и строго контролирано.

Сопствениците на куќи и станови кои нема да се придржуваат до правилата ги очекуваат многу високи казни, а некои печки ќе може да се користат само во одредени денови во месецот.

Од 2026 инсталациите на нови системи за греење на јаглен и дрва во Германија се забранети, а постоечките ќе мора постепено да бидат изгаснати до 2045.

Печките на дрва остануваат дозволени, но под строги услови. Тие мора да исполнуваат високи еколошки стандарди, а согорувањето на гума, пластика, обоено, лакирано или хемиски третирано дрво, како и весници, отпадна хартија и дрвени влакна се најстрого забранети.  

Германските законодавци истакнуваат дека заштитата на општото добро е клучниот разлог за овие мерки.

Слични новости