Германија е известена за зголемувањето на царините што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп на увоз на автомобили од Европската унија и е во контакт со Комисијата на ЕУ, додека води преговори со Вашингтон, соопшти германското министерство за економија.

„Ние од блиску ќе ги координираме нашите следни чекори со ЕУ“ , го пренесува Ројтерс соопштението на германското министерство за економија.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ги зголеми царините на автомобилите и камионите од ЕУ на 25 насто, наведувајќи дека ЕУ не се придржувала до трговската спогодба со Вашингтон.

Слични новости

Цената на нафтата повторно расте

Цената на нафтата повторно расте

Суровата нафта Брент порасна за 3,5 проценти на 93,51 долари за барел поради загриженоста дека Иран би можел да ја задржи нафтата во Персискиот Залив ако продолжи да ги блокира танкерите