Германската економија е во рецесија втора година по ред, објави во средата Федералниот завод за статистика во Визбаден.
„Бруто националниот приход падна за 0,2 отсто во 2024 година. Ова беше втора последователна година кога германската економија се намали по падот за 0,3 отсто во 2023 година“, се вели во соопштението на Федералниот завод за статистика врз основа на привремените податоци за претходната година.
„Цикличните и структурните оптоварувања го спречија поповолен економски развој во последните години“, се заклучува во документот.
Во извештајот дополнително се споменува растечката конкуренција за германските извозници на важните пазари, високите цени на енергијата, високите каматни стапки како и „неизвесните економски прогнози“.
Слабата домашна потрошувачка е и една од причините за слабеењето на економијата. Како што се наведува, потрошувачката е зголемена за само 0,3 отсто.
„Поради општата несигурност, многу граѓани повеќе сакаат да штедат отколку да трошат, иако реалните плати се зголемени“, се вели во соопштението.
Економистите предвидуваат и слаб економски раст за 2025 година.
Од една страна, се наведува дека се очекуваат позитивни реформски сигнали по доаѓањето на власт на новата влада на пролет, но истовремено постои неизвесност за можните мерки кои би можеле да ги воведе новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој стапува на функција на крајот на јануари.
Економското закрепнување е една од најважните теми во изборната кампања за предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 23. февруари.
Слични новости
Извозот на коњак потона во 2024-та
Извозот на коњак остро паднал во 2024 година, како одраз на значително намалените помали испораки во Кина, покажаа податоците од здружението на производители објавени во средата
Инфлацијата во Русија остро забрзала во јануари
Цените во Русија нагло пораснаа на крајот на 2024 година и почетокот на 2025 година, бидејќи капацитетите во индустријата и услужниот сектор повторно заостанаа зад побарувачката, забележа централната банка
Стравот од трговска војна меѓу САД и Кина ја поевтини нафтата до 75 долари
Цените на нафтата паднаа до 75 долари на меѓународните пазари во средата, бидејќи стравувањата на инвеститорите од трговска војна меѓу САД и Кина што ќе ја ограничи побарувачката ги надминаа навестувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека тој повторно би можел да го блокира извозот на иранска нафта