Германија планира да вложи 35 милијарди евра во шпионски сателити, вселенски авиони и офанзивни ласерски системи во рамките на воено-вселенскиот план на земјата. Целта е засилување на одвраќањето од растечките закани од Русија и Кина во орбитата, изјави командантот на германските оружени сили.

Шефот на германската вселенска команда Михаел Траут изјави дека Берлин планира да изгради шифрирани воени стаелитски констелации со повеќе од 100 сателити познати како САТКОМ Стејџ 4 во наредните неколку години.

Системот ќе биде засниван врз моделот што го користи американската агенција за развој во вселената, која распоредува сателити во ниската земјина орбита за комуникации и рано предупредување од закани.

Слични новости

Илон Маск прогласи почеток на нова граѓанска војна во САД

Американскиот милијардер Илон Маск оцени дека масовните протести против постапките на имиграциската полиција на САД „ИЦЕ“ се сигнал дека во земјата започна „нова граѓанска војна“, пренесуваат американските медиуми.