Надворешнотрговскиот суфицит на Германија падна во септември на 15,6 милијарди евра, од августовските 17,9, затоа што увозот расте двојно побргу од извозот, покажуваат податоците на Германскиот државен завод за статистика.
Германскиот извоз порасна за 2 насто во однос на август на 141 милијарди евра, а увозот бил зголемен за 4,2 насто на 125,5 милијарди евра.
Најголем извозен пазар за Германија е ЕУ, каде што Германија извезла стоки во вредност од 81 милијарди евра, а надвор од ЕУ најголем извозен пазар остануваат САД каде што е испорачана стока во вредност од 13,4 милијарди евра.
Земја со најголем извоз во Германија е Кина, чиј извоз во Германија постојано расте.
Слични новости
„Ситигруп“ чека зелено светло од Пекинг за да влезе на кинескиот пазар
Американскиот банкарски гигант „Ситигруп“ очекува дека месецов конечно ќе добие одобрение од кинеските регулатори за својата брокерска компанија во Кина. Одлуката би можела да биде донесена пред планираната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Вашингтон каде што ќе има средба со Доналд Трамп.
Американските акции паднаа по неочекуваниот раст на бројот на вработените во САД
Тоа ги зголеми проценките дека Федералните резерви би можеле да ги зголемат каматните стапки на наредниот состанок, пренесе Си Ен Би Си.
Цената на сировата нафта благо падна на околу 95 долари за барел
Цената на сировата нафта Брент благо падна под влијание на тензиите меѓу Иран и САД на околу 95 долари за барел, но на неделно ниво порасна за околу 8 насто, што е највисоко поскапување од средината на јули.

