Со колегите од Кипар и Австрија, доставивме до ЕУ план за активно присуство на Унијата во Сирија со конкретни предлози, кои се однесуваат на специјален претставник на ЕУ за Сирија, со активно присуство, како на Европската Унија, така и на земјите-членки во Дамаск, за да можеме континуирано да ги следиме случувањата и да обезбедиме демократска нормалност и гарантирање на слободите на сите граѓани, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис.
Шефот на грчката дипломатија, одговарајќи на новинарско прашање за ситуацијата во Сирија, по средбата со министерот за надворешни работи на Србија, објасни дека Грција има јасна позиција дека „во моментов она што е важно е да се обезбеди транзиција кон демократска нормалност“.
Додаде дека Грција од првиот момент е активно присутна во прашањето за Сирија, а тој лично е во постојана комуникација со сите негови колеги од арапските земји, за како што рече, да имаат заеднички став.
Паралелно посочи дека грчката амбасада во Дамаск останува отворена и на располагање на грчките граѓани, кои моментално се во Сирија.
„Сите треба да сфатиме дека е во интерес на регионалната, но и универзална безбедност, Сирија да може да застане на нозе со самоопределување, без исклучувања и без надворешни влијанија“, порача Герапетритис.
Слични новости
Завршна декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан: Забрзувањето на пристапниот процес е заеднички интерес
Во текстот се посочува дека помирувањето, инклузивната регионална соработка и добрососедските односи се сржта на Европската Унија, па затоа од суштинско значење е спроведувањето на меѓународните договори со добра волја и со видливи резултати, вклучително и на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија
Црна Гора ги затвори преговорите во три поглавја
На меѓувладината конференција за пристапување, Црна Гора ги заврши преговорите во три поглавја: право на интелектуална сопственост, информатичко општество и медиуми и претприемништво и индустриска политика
Албанија ќе формира резервен армиски состав со 2.100 припадници, засега не размислува за враќање на задолжителниот воен рок
Покрај активниот состав на вооружените сили, Албанија ќе формира резервен армиски состав кој ќе брои 2.100 припадници