Со колегите од Кипар и Австрија, доставивме до ЕУ план за активно присуство на Унијата во Сирија со конкретни предлози, кои се однесуваат на специјален претставник на ЕУ за Сирија, со активно присуство, како на Европската Унија, така и на земјите-членки во Дамаск, за да можеме континуирано да ги следиме случувањата и да обезбедиме демократска нормалност и гарантирање на слободите на сите граѓани, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис.

Шефот на грчката дипломатија, одговарајќи на новинарско прашање за ситуацијата во Сирија, по средбата со министерот за надворешни работи на Србија, објасни дека Грција има јасна позиција дека „во моментов она што е важно е да се обезбеди транзиција кон демократска нормалност“.

Додаде дека Грција од првиот момент е активно присутна во прашањето за Сирија, а тој лично е во постојана комуникација со сите негови колеги од арапските земји, за како што рече, да имаат заеднички став.

Паралелно посочи дека грчката амбасада во Дамаск останува отворена и на располагање на грчките граѓани, кои моментално се во Сирија.

„Сите треба да сфатиме дека е во интерес на регионалната, но и универзална безбедност, Сирија да може да застане на нозе со самоопределување, без исклучувања и без надворешни влијанија“, порача Герапетритис.

globe

Слични новости