Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Домаќин ќе му биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Предвидена е и заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и Руте.
Генералниот секретар на НАТО ќе има средба и со премиерот Христијан Мицкоски, како и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, по што ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом.
Руте ќе ја посетi и касарната „Илинден“ каде што ќе присуствува на презентацијата на лесна пешадиска баталјонска група na Armijata и на дел од опремата на оваа единица.
Слични новости
Од полноќ дизелот поскапува на 98 денари, а еуросуперот БС-95 поевтинува на 83,5 денари
Во формирањето на новите цени влијание имале одлуките на Владата за намалување на акцизите и за повластената даночна стапка за одредени енергенти.
МВР поднесе кривична пријава против градоначалникот на Струга
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е поднесена кривична пријава против градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура за „несовесно работење во службата“.
ЕУ почнува преговори за укинување на роаминг трошоците за Западен Балкан
Граѓаните од земјите од Западен Балкан ќе можат да се јавуваат, да испраќаат СМС-пораки и да користат мобилни податоци во Европа по иста цена како дома,


