Во Велика Британија се случува голем медиумски потрес откако генералниот директор на Би Би Си Тим Дејви и директорката на вестите Дебора Тарнес поднесоа оставки поради злонамерна монтажа во документарниот серијал „Панорама“.
Скандалот настана откако весникот „Телеграф“ објави интерен меморандум од Би Би Си во кој е сугерирано дека два различни сегменти од говорот на Доналд Трамп се измонтирани во една целина, за да личи дека тој експлицитно ги поттикнал немирите на Капитол во јануари 2021.
Раководните фигури на БИ Би Си поднесоа оставки поради измама на публиката, а денеска се очекува претседателот на одборот на Би Би Си Самир Шах да даде писмено извинување до парламентарниот комитет во Британија.
Дебора Тарнес во говорот пред новинарите во дескот на Би Би Си порача дека медиумот не е институционално пристрасен и дека новинарите треба да продолжат да го практикуваат новинарството според стандардите на Би Би СИ, за што доби аплауз од новинарите.
Во англиските медиуми се поделени мислењата дали челните луѓе во Би Би СИ требало да поднесат оставки и дека сега јавниот сервис на Британија е оставен во хаос без лидерство.
Слични новости
Маск ја спореди ЕУ со нацистите, X го затвори рекламниот профил на ЕК
Два дена откако Европската унија изрече голема казна на платформата X, социјалната мрежа ја затвори својата рекламна сметка на Европската комисија, а сопственикот Илон Маск ја спореди Унијата со нацистичка Германија
Нетанјаху: Израел ќе остане во тампон-зоната во јужна Сирија
Израел има намера да остане во тампон-зоната во јужна Сирија, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху на состанокот со израелските амбасадори, според извештаите на локалните медиуми
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии


