Играчите на Манчестер Сити ќе бидат ставени на вага по празниците, а оние за кои ќе се утврди дека имаат прекумерна тежина ќе бидат исклучени од составот, предупреди тренерот Пеп Гвардиола во понеделникот.
„Кога ќе се вратат на 25-ти декември, ќе проверам дали се здебелиле. Сакам да видам како се по трите дена празници. Можат да јадат, но сакам да ги следам“, рече Гвардиола, кој ги мереше своите играчи пред мини-паузата.
„Секој играч кој ќе се врати три килограма потежок ќе остане во Манчестер и нема да патува во Нотингем на 27-ми декември“, додаде Шпанецот.
Гвардиола, сепак, ги замоли своите играчи да ги искористат овие неколку дена за да „уживаат во своите семејства и да заборават на фудбалот“ и да „ги наполнат батериите“.
Манчестер Сити, кој убедливо го победи Вест Хем (3:0) во саботата, е втор во Премиер лигата по 17 кола, два бода зад лидерот Арсенал.
Слични новости
Реал му го позајми Ендрик на Лион
Младиот напаѓач на Реал Мадрид, Бразилецот Ендрик Фелипе Мореира де Соуза, попознат како Ендрик, ќе го мине остатокот од сезоната на позајмица во Лион, објави францускиот клуб на социјалните мрежи
Почина легендата на македонскиот фудбал Васил Рингов
Во 70-та година од животот, по кратко боледување денеска почина Васил Рингов, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Македонија
Наполи заработи 9,5 милиони евра со освојувањето на Суперкупот на Италија
Наполи заработи 9,5 милиони евра со освојувањето на Суперкупот на Италија, додека Болоња, која беше поразена во финалето во Ријад, ќе добие 6,7 милиони евра, објавија италијанските медиуми


