Тренерот на фудбалерите на Манчестер сити Пеп Гвардиола по синоќешното реми со Евертон изјави дека трката за титулата во Премиер лигата не е готова, но дека неговата екипа веќе не држи се во свои раце.
Фудблаерите на Манчестер сити синоќа на гости против Евертон одиграа нерешено 3:3, а Сити избори бод во 7-та минута од судиското продолжение на мечот, откако губеше со 3:1.
Зедовме бод и одиме понатаму. Ќе видиме што ќе се случи до крајот, сепак имаме уште 4 натпревари, ќе видиме што ќе се случи, изјави Гвардиола.
Слични новости
Фудбалерите на Штутгарт се пласираа во финалето на купот на Германија
Штутгарт кој лани го освои купот во финалето ќе игра против Баерн од Минхен кој во првото полуфинале го совлада баер Леверкузен со 2:0.
Финалето на германскиот куп ќе се игра на 27 мај во Берлин.
Минесота го победи Денвер и поведе со 2:1 во серијата
Кошаркарите на Минесота утринава на домашен терен ја победија екипата на Денвер со резултат 113:96 во третиот натпревар од четвртфиналето на Западот и поведоа со 2:1 во серијата.
Филаделфија направи неочекуван брејк во Бостон и израмни на 1:1
Филаделфија направи големо изнендаување откако го победи фаворизираниот Бостон на гостински терен со 111:97. Клучен за победата на Филаделфија беше рукито Еџкомб кој постигна 30 коша и имаше 10 скокови


