Мексиканските градови Гвадалахара и Монтереј ќе бидат домаќини на Интерконтиненталните квалификации за Светското првенство, кои ќе се одржат во март следната година, објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
На турнирот, кој ќе се одржи од 23-ти до 31-ви март во Гвадалахара и Монтереј, ќе учествуваат шест репрезентации – Ирак, ДР Конго, Боливија, Нова Каледонија, Јамајка и Суринам, а две репрезентации ќе остварат пласман на Светското првенство.
Националните тимови ќе бидат поделени на два „мини-турнира“ со две полуфиналиња и финале, а само победниците на турнирот ќе се квалификуваат за СП 2026.
„Овие култни стадиони се совршени сцени за она што ветува дека ќе биде возбудлив настан исполнет со страст, драма и возбуда“, објави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
„Овој плејоф турнир им нуди на навивачите можност да бидат дел од историски натпревари во градови и места пред да започне главниот настан три месеца подоцна низ Канада, Мексико и САД“, додаде тој.
Жрепката за плејоф турнирот ќе се одржи во седиштето на ФИФА во швајцарски Цирих во четврток, заедно со европскиот плејоф.
Во овие мексикански градови ќе се играат натпреварите и за време на Светското првенство. Стадионот „Акрон“ во Гвадалахара ќе биде домаќин на четири натпревари од групната фаза, а стадионот „BBVA“ во Монтереј ќе биде домаќин на три натпревара од групната фаза, како и натпревар од осминафиналето.
Слични новости
Верстапен не успеа да му ја земе титулата на Норис во Формула 1
Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е новиот светски шампион во Формула 1 откако заврши трет на последната, 24-та трка од сезоната, Големата награда на Абу Даб
Харден десетти најдобар стрелец во НБА
Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа
ПСЖ ја прекина победничката серија на Рен
Европскиот и француски првак Пари Сен Жермен во саботата вечер на домашен терен лесно го победи Рен со 5:0 во рамките на 15-то коло од француската Лига 1


