Кабинетот на претседателот на Собранието во вторникот попладнето соопшти дека по објавувањето на вчерашното интервју во емисијата 360, во кое учествуваше претседателот на Собранието Африм Гаши, на официјалната електронска адреса на Претседателот е добиен е-мејл со заканувачка содржина.

„Претседателот на Собранието најостро ги осудува сите форми на закани и притисоци врз носителите на јавни функции и останува посветен на принципите на демократијата и владеењето на правото – се наведува во соопштението од Кабинетот на Гаши.

Случајот, како што информираат оттаму, е веднаш пријавен во Министерството за внатрешни работи, кое презема соодветни мерки во рамките на своите надлежности.

Министерството за внатрешни работо претходно за медиумите информираше дека во Секторот за компјутерски криминал при министерството има пријава за таков случај и по истата соодветно се постапува, без да се посочуваат детали за тоа со каква содржина е заканата.

Од Кабинетот на собранискиот спикер информираа дека во Секторот за компјутерски криминал при МВР има пријава за таков случај и по истата соодветно се постапува, без да се посочуваат детали за тоа со каква содржина е заканата.

Медиумите попладнево објавија дека претседателот на Собранието добил електронска пошта со заканувачка содржина во врска со уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот.

Гаши, како што се посочува, оваа порака ја добил по синоќешното интервју за „360 степени“ каде кажа дека по изборот на нова влада во Бугарија може да се пристапи кон решавање на спорот, но оти не може веднаш да се очекува некој голем успех во разговорите.

„Гледајќи на овој проблем низ призма на заеднички интерес и на двете држави и на двата народа, македонскиот и бугарскиот, во смисла на регионална сигурност, мислам дека е од заеднички интерес да пристапиме кон решавање на овој спор. Односно, да се тргне бугарското вето за отворање на преговорите на нашата земја со ЕУ. Мислам дека Бугарија ништо не губи, напротив, јас сум убеден дека тие добиваат, но само треба да чекаме малку време да спласне тензијата, да се разговара на масата со аргументи. Да го сфатат и нашиот контекст. И мислам дека САД и Брисел, ако помогнат малку, убеден сум дека уште малку ни треба да се одврзе овој јазол“, рече Гаши.

globe

Слични новости

Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака колу е посветена на железничкиот Коридор 8

Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака колу е посветена на железничкиот Коридор 8

Министерот за транспорт и врски Александар Ниоловски смета дека одлуката на бугарската Влада средствата за реконструкција на делот од Софија до Перник и од Перник до Радомир да ги пренасочат за изградба на пруга од Софија до Бургас, е политичка порака во однос на нивната посветеност, односно непосветеност, на изградбата на железничкиот Коридор 8 и дека „во вода паѓа“ и пропаганда против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и против него

Експерти од земјава и странство на подготвителната седница на Уставен суд за Законот за јазиците, ќе се дискутира за шест спорни правни прашања 

Експерти од земјава и странство на подготвителната седница на Уставен суд за Законот за јазиците, ќе се дискутира за шест спорни правни прашања 

На 20 март во Уставниот суд ќе се одржи подготвителната седница за Законот за јазиците, на која ќе учествуваат повеќе експерти, вклучувајќи претставници од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Венецијанската комисија и професори од правните факултети во државава