Со церемонија со високи почести пред претседателот на Собранието Африм Гаши пред зградата на законодавниот дом го пречека претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој престојува во официјална посета на земјава.

Јандроковиќ ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Собранието Гаши, а по средбата предвидени се разговори на делегациите на двете земји заедно со двајцата претседатели на парламентите.
Според најавата од Собранието, Јандроковиќ ќе се потпише во Книгата на впечатоци и ќе следуваат изјави за медиумите на двајцата собраниски спикери. Потоа претседателот на хрватскиот сабор Јандроковиќ ќе се обрати пред пратениците во рамки на 37. седница.
Тој ќе се сретне и со Благица Ласовска, претседателка на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Република Хрватска и со членовите на групата.
Слични новости
Чупеска: Уставниот поредок на удар, наместо реформи, власта прави упад во правосудството
Според Чупеска, власта ја демонстрира својата злонамера за целосна партизација и политичка контрола врз правосудната власт.
Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста
Се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието, а една амбасадорка се отповикува во редовна постапка поради завршување на мандатот.
Зголемен бројот противпожарни интервенции, за викендот 60 пожари на отворено
Само за време на изминатиот викенд беа евидентирани 60 пожари на отворен простор, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК